Поднесени 342.794 барања за легализација на дивоградбите

Bez autora
Sep 05 2011

Заклучно со крајниот рок, 3. септември, за легализација на бесправно изградените објекти до општините поднесени се 342.794 барања. Оваа бројка во наредните денови би требало да се зголеми откако ќе се добијат и барањата за легализација на дивоградби кои се пратени по пошта. Од Владата се задоволни за пристигната бројка и како што велат барањата од околу 350.000 се поклопува со нивните очекувања. Во наредните шест години ќе бидат решени сите барања кои се поднесени за легализација на дивоградби. Ова е само прв чекор, вториот чекор е малку подолготраен односно шест години, тоа е во интерес на граѓаните за во овој период да ги комплетираат сите документи и да добијат имотен лист. Имплементација на овој закон ќе го реши прашањето на бесправно изградените објекти на територијата на Македонија, кои со децении се провлекува, при што ќе се стави ред во градежништвото.

Поднесени 342.794 барања за легализација на дивоградбитеЗаклучно со крајниот рок, 3. септември, за легализација на бесправно изградените објекти до општините поднесени се 342.794 барања, информираше Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Оваа бројка во наредните денови би требало да се зголеми откако ќе се добијат и барањата за легализација на дивоградби кои се пратени по пошта.

Од Владата се задоволни за пристигната бројка и како што велат барањата од околу 350.000 се поклопува со нивните очекувања.

Во наредните шест години ќе бидат решени сите барања кои се поднесени за легализација на дивоградби.

„Ова е само прв чекор, вториот чекор е малку подолготраен односно шест години, тоа е во интерес на граѓаните за во овој период да ги комплетираат сите документи и да добијат имотен лист“, истакна Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје.

Според министерот Јанакиевски, имплементација на овој закон ќе го реши прашањето на бесправно изградените објекти на територијата на Македонија, кои со децении се провлекува, при што ќе се стави ред во градежништвото.

„Со овој закон добиваат граѓаните, добиваат општините, бидејќи расте и се шири базата за данок на имот, а добива и државата и владата, бидејќи проблемот со дивоградбите останува во историјата“, рече Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир и додаде дека во оваа општина поднесени се 6.200 барања од кои илјада се решени.

Оние дивоградби кои нема да бидат легализирани, би требало да бидат срушени, но според Јанакиевски досега скоро сите граѓани поднеле барања бидејќи бројката се поклопува со пресметките.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik